Калчолигашите Милан и Наполи одиграа досадно реми на „Сан Сиро“ 1-1 во рамки на 13. коло во Серија А. За гостинската екипа сите 90 минути ги одигра нашиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, во 70 минута доби жолт картон поради симулација.
Дербито на Италија не понуди кој знае колку офанзивен фудбал затоа што ориентацијата на двајцата тренери беше пред се да го сочуваат својот гол.
Од првото посериозно возбудување во 24. минута, Наполи успеа да поведе со 1-0. Инсиње биеше кон голот на Донарума, топката заврши во пречката и помалку среќно се одби до Лозано кој биеше прецизно.
Радоста на гостите од Неапол траеше само 5 минути. Во 29 минута, Милан стигна до изедначување со проектилот од далечина на Бонавентура. Вистински еврогол, за 1-1.
Анте Ребиќ во првото полувреме имаше шанса за водство, но ударот со глава заврши покрај противничкиот гол.
Во второто полувреме најмногу се играше на средината на теренот и ниту една екипа не успеа да креира посериозна шанса за погодок.
Наполи по некомплетното коло е на 7 позиција со 20 бода, додека Милан е 13-ти со 14 бода.