Top Sport

Порто продолжува да шокира, Веспрем подобар во дербито со Киелце

Португалскиот ракометен шампион продолжува со одличните игри и фантастичните резултати во ракометната Лига на шампиони. Попладнево Порто, во Франција славеше со 27-22 над некогашниот европски шампион, Монпелје.

Домаќините ниту еднаш не беа во водство, постојано ја бркаа негативата на противникот, која на крајот стигна до -5, 22-27. Со оваа победа Порто изби на петтата позиција на табелата во групата Б, пред Вардар кој сега падна на шесто место.

Дерби дуелот се играше во Веспрем каде домашната екипа на мегдан го имаше шампионот на Полска, Киелце. Бодовите останаа за Веспрем, домаќините славеа победа со пресврт од 28-24.

Киелце одигра одлично прво полувреме кое го доби со 15-13.

Во вториот дел Веспрем направи пресврт, поведоа и со 5 разлика, па на крајот знаеја како да ја сочуваат предноста за нови бодови и зацврстување на втората позиција на табелата зад лидерот Кил.

Најефикасен на натпреварот беше гостинскиот играч Каралек со 6 гола, а кај Веспрем најпрецизни беа Ненадиќ и Нилсон со по 4 реализации.

Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков постигна само еден гол.
Кил води на табелата со 14 бодови, Веспрем има 12, Монпелје 11, Киелце и Порто имаат по 10, а Вардар е шести со 9 бода.

Scroll to Top