Репрезентација на Бразил во само неколку дена повторно одигра нерешено. Селекцијата што ја предводи селекторот Тите нема победа уште од завршувањето на Копа Америка каде ја освои титулата. Мечот го обележа повредата на Нејмар.
Бразилците пред три дена во Сингапур одиграа 1:1 со Сенегал, а попладнево со ист резултат заврши нивниот контролен меч со селекцијата на Нигерија.
Најголем проблем за Бразилците, но и за ПСЖ е повредата на Нејмар. Крилниот напаѓач теренот го напуштил по само 12 минути игра.
Поради потешка повреда Нигеријците во 63 минута останале без Узохо.
Арибо го постигна првиот гол на мечот во 35 минута, кога успеа да се прошета низ бразилската одбрана. На стартот од вториот дел Касемиро израмнил на 1:1. Истиот играч 13 минути подоцна ја погодил гредата од голот на Нигерија.