Леванте и Хетафе одиграа 1:1 во првиот натпревар од 9.коло во фудбалскиот шампионат на Шпанија.
Гостите од Мадрид први постигнаа гол во 58 минута кога Фажр го совлада Фернадез. Леванте израмни четири минути подоцна со голот на Моралес.
Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, мечот за Леванте го започна од клупата за резерви, а доби шанса да игра од стартот на второто полувреме.
Леванте веќе четири натпревари не знае за победа, откако по поразите од Бетис и Алавес, ремизираше најпрвин со Еспањол и сега со Хетафе.
По девет натпревари Леванте има 11 бодови и се наоѓа на 11.место на табеата, додека Хетафе има два бода помалку и е на 13 место.
Леванте во наредното коло ќе гостува во Џирона.