Top Sport

Реми на „Олимпико“ со 4 гола, 2 пенали и црвен картон

Мечот на „Олимпико“ од второто коло во Серија А меѓу Рома и Јувентус заврши без победник, 2-2, прв со ваков исход во изминатите нивни десет соочувања. Тоа не значи дека немаше возбудувања во 90-те минути.

Рома на двапати водеше, италијанскиот шампион израмнуваше.

Верету во 32 минута сам изнуди пенал, самиот го изведе и носи за „волчицата“ предност од 1-0. До 45 минута на семафорот стоеше 1-1.

По едно невнимание во шеснаесетникот, Пелегрини играше со рака, пенал за Јуве. Сигурен реализатор Кристијано Роналдо за реми.

Но во истекот на судиското надополнување на првото полувреме Рома повторно дојде до водство. Повторно во главна улога Верету, за 2-1.

Второто полувреме започна динамично, но во 62 минута по еден неспортски потег, судијата му покажа втор жолт на Рабио и Јуве остана со 10 играчи на теренот.

Сепак тоа не го спречи Роналдо со гол со глава, сличен на оној против Сампдорија кога леташе високо да донесе ново реми 2-2.

Рома до крајот на мечот ја презема иницијативата, но не ја валоризираше бројчаната предност.

Scroll to Top