Top Sport

Реми на Работнички и Пирин од Благоевград

Работнички ремизираше (1-1) против Пирин Благоевград на првиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Романтичарите имале предност од 45 минута со голот на Давид Тошевски, а фудбалерите на бугарскиот второлигаш израмниле во 84.минута од дуелот.

Работнички во 28 минута не реализирал пенал, ударот на Себастијан Херера завршил крај голот.

Тренерот Ратко Достаниќ мечот го запонал со следниот состав: Јанков, Силјановски, Велковски, Јенбену, Херера, Стојков, Јевтовски, Тодоровски, Шаркоски, Петковски, Тошевски.

Во вториот дел шанса добиле и Шишковски, Николовски, Трајковиќ, Пановски, Станковски, Вецевски, М. Тошевски, Максимов.

фото/fkrabotnicki.com

Scroll to Top