Top Sport

Стив Кер: Само несреќата на Дражен може да се спореди со оваа трагедија

Екс-кошаркарот Стив Кер како играч освои пет НБА прстени, од тие три со Мајкл Џордан, со Пипен, Кукоч, со Булси. Останатите два со Сан Антонио Спарс. Уште три титули во најсилната светска кошаркарска лига освои и со Вориорси, но како тренер.

На тренинг на Голден Стејт, непосредно по веста за трагичната несреќа во која животот го загуби Коби Брајант, новинарите во САД го прашаа дали ова е најголемата трагедија во историјата на НБА.

„Мислам, да. Еднакво шокирани бевме кога дознавме дека Меџик Џонсон има ХИВ затоа што во 1991 година мислевме дека му останала само уште една година живот. Фала Богу, Меџик се уште е жив, среќен и исполнет со животот. Но ако зборуваме за оние кои веќе ги нема, шокот и тагата кои ги чувствуваме по смртта на Коби ги почувствувавме само уште еднаш, во 1993 година. Кога загина Дражен Петровиќ. И тогаш за Дражен и сега за Коби не можеш да веруваш дека тоа се случило“ – изјави Стив Кер.

Scroll to Top