Top Sport

Реми на Сосиедад и Еспањол, победа на Џирона

Реал Соиедад и еспањол ремизираа, а Џирона победи во Ла Коруња во последните две средби од деветтото коло во ЛА Лига.

Сосиедад по триумфот над Вардар во Скопје (6:0), на „Аноета“ не успеа да го освои целиот плен против Еспањол. Гостите од Барселона први дојдоа до предност кога по девет минути игра Лео Баптистао го совлада Херонимо Рули.

Реал израмни еден час подоцна со голот на Асиер Иљараменди. Резултатот до крајот не се менуваше, а стрелецот за Сосиедад во финиѓот на мечот поради вториот жолт картон беше исклучен.

Сосиедад е деветти на табелата со 14 бодови, четири повеќе од Еспањол кој се наоѓа на 13 место.

Депортиво на „Риазор“ загуби од Џирона 1:2, во натпревар во кој првите два гола беа постигнати од пенал.

Адај во 25 минута го реализира пеналот за Џирона, а со иста мерка врати Лукас Перез во 51.минута. Дваесет минути подоцна Порту го постави конечниот резултат 1:2.

Џирона со овој триумф стигна до деветтиот бод и до 15 позиција на табелата, додека Депортиво има бод помалку и се наоѓа на 16 место.

Scroll to Top