Три натпревари попладнево го отворија четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига. Дуелите завршија без победник, а беа постигнати четири гола.
Беласица, во Струмица, го пречека Вардар и успеа да го освои првиот бод во новото првенство.
Вардар постигна гол преку Новак во 47.минута, а десет минути подоцна Балдовалиев израмни на 1:1.
Белсица го освои првиот бод во новата сезона, а Вардар по четири кола има осум бода.
Со резултат 1:1 заврши и пресметката помеѓу Ренова и Македонија Ѓорче Петров. Нухиу донесе водство за Реанова по половина час игра, а во финишот на првиот дел израмни Да Силва.
Натпреварот во Кратово, помеѓу Силекс и Победа заврши без голови.