Top Sport

Реми во соседското дерби Шпанија-Португалија, Халанд ја „реши“ Србија

Шпанија и Португалија одиграа 1:1 во првото дерби во новата сезона во Лигата на нации, Чешка успеа да ја совлада Швајцарија со 2:0, додека Ерлинг Халанд го постигна единствениот гол за Норвешка да победи на гости кај Србија во меч од Лига Б.

Алваро Мората ги донесе Шпанците во водство во 25. минута од мечот по одличната асистенција на Пабло Сарабија, пред во 82. минута од мечот Рикардо Хорта да израмни за Португалија. Во вториот меч од групата 2 во Лига А, Чешка стигна до импресивна 2:1 победа.

Во Лига Б, пак, Ерлинг Халанд покажа фантастична брзина постигнувајќи прекрасен гол за да ги предводи Норвешка до 0:1 победа над Србите. Во истата група, Шведска со головите на Форсберг и Кулушевски стигна до 0:2 победа кај Словенија.

ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А, ГРУПА 2

Чешка – Швајцарија 2:1

Шпанија – Португалија 1:1

ЛИГА Б, ГРУПА 2

Израел – Исланд 2:2

ЛИГА Б, ГРУПА 4

Словенија – Шведска 0:2

Србија – Норвешка 0:1

ЛИГА Ц, ГРУПА 2

Северна Ирска – Грција 0:1

Scroll to Top