Младата репрезентација на Македонија одигра 1:1 против Израел на гостувањето како дел од квалификациите за Европското првенство во 2022 година.
Израелците поведоа уште во првата минута преку Јосефи, пред во 51. минута да имаме совршена шанса за израмнување, кога беше досуден пенал, но Дарко Чурлинов не погоди. Јани Атанасов беше човекот на одлука, откако во 73. минута од слободен удар постигна прекрасен гол од слободен удар. Со поенот, Македонија е на второто место на табелата со 15 поени, 10 помалку од лидерот Шпанија, пред последниот меч од циклусот против Црна Гора дома на 17 ноември.