Top Sport

Реми за Рајо и Димитриевски против Севилја

Рајо Валјекано ремизираше на домашен терен (1:1) против Севилја и забави во трката за излез во Европа. Сега тимот на Столе Димитриевски е на шестата позиција на табелата во Ла Лига со 34 бода, четири помалку од четвртопласираниот Атлетико Мадрид.

Сусо донесе водство за Севилја откако го совлада Столе Димитриевски во 29.минута од мечот.

Рајо Валјекано израмни со погодокот на дефанзивецот Флоријан Лејуне во 65.минута.

Scroll to Top