Top Sport

МЗТ Скопје го „поплави“ Сплит во АБА 2

Македонскиот кошаркарски репрезент во АБА 2 лигата, скопски МЗТ предмалку со високи 104 – 87 го победи тимот на Сплит на натпреварот одигран во салата „Јане Сандански“.

Аеродромци дојдоа до четвртиот триумф во ова натпреварување најмногу по заслуга на одличните Џејмс Вудард и Андрија Бојиќ кои постигнаа по 18 поени на мечот. Лестер Медфорд стигна до 15 поени зад своето име, а Магдевски го заврши мечот со13 поени.

Екипата на МЗТ Скопје има скор 4-2 во АБА 2-лигата, а во следното коло му гостува на српски Вршац.

Scroll to Top