Top Sport

Ремзи бара 4 милиони евра да си замине од Јуве

Арон Ремзи од Јувентус бара 4 милиони евра да го раскине договорот една година предвреме, со Кардиф сити и Фатих Карагумрук, новиот клуб на Андреа Пирло како најверојатни дестинации.

Велшанецот пристигна во Торино како слободен фудбалер по крајот на договорот со Арсенал во 2019, но имаше само 70 настапи за „бјанконерите“ и 6 гола и 6 асисенции. Неговиот договор трае до јуни 2023, а тој е еден од фудбалерите на Јуве со највисока плата.

Минатата сезона тој ја помина во Глазгов Ренџерс, кои решија да не ја продолжат позајмицата, и тешко е дека Јуве ќе може да најде купувач во летниот преоден рок. Според „Калчомеркато“, тој бара 4 милиони евра за да замине предвреме, а клубот е подготвен да му даде максимум 2 милиони евра.

Scroll to Top