Top Sport

За смртта на Марадона ќе одговараат осум здравствени работници

Аргентинскиот весник „Ла насион“ тврди дека за смртта на фудбалската легенда Диего Армандо Марадона ќе одговараат осум здравствени работници со обвинение за „убиство од небрежност“, односно дека не направиле доволно да му го обезбедат потребниот третман на Марадона.

Марадона почина во неговиот дом кратко откако беше пуштен од болница по операција на главата, и околу него имаше група на здравствени работници кои се грижеа за неговото здравје. Официјално, тој почина од срцев напад, и истрагата покажала дека тој бил оставен со часови без помош. Марадона имаше само 60 години.

Помеѓу обвинетите се наоѓаата и неврохирургот кој ја вршел операцијата, неговиот психијатар и неколку медицински сестри. Ако бидат осудени може да добијат казна затвор од 8 до 25 години.

Scroll to Top