Јувентус и велшката репрезентација ќе бидат без Арон Ремзи неколку недели, откако тој истегнал бутен мускул.
Ремзи беше стартер во првото коло од Серија А против Удинезе (2:2), но тестовите покажале дека тој има повреда на адукторот во десниот бутен мускул, и ќе паузира најмалку неколку недели.
Поради ова, Ремзи се повлече од мечевите на Велс во квалификациите за Светското првенство против Белорусија и Естонија. Со ова исто така се урива секоја шанса Јувентус да најде купувач за 30-годишниот ветеран, кој заработува одлични 7 милиони евра по сезона.
Ремзи пристигна како слободен играч од Арсенал во јули 2019, но имаше низа мускулни повреди и има само 66 настапи за „бјанконерите“, во кои постигна шест гола.
Medical update on @aaronramsey.
— JuventusFC (@juventusfcen) August 24, 2021