Италијанските медиуми тврдат дека Арон Ремзи веќе потпишал пред-договор со Јувентус и дека ќе добие петгодишен договор по заминувањето од Арсенал.
Велшанецот не доби понуда за обновување на договорот со „топчиите“, по што беше поврзуван со „бјанконерите“. Од 1 јануари тој може да потпише за друг клуб, бидејќи неговиот договор трае до 30 јуни.
Според „Спорт Медиасет“, договорот е направен, и Ремзи ќе остане во Торино до 2024 година со плата од 6.5 милиони евра по сезона со значителни бонуси за перформанси. Италијанските медиуми одат и понатаму, тврдејќи дека Јуве се подготвени да платат 5 милиони евра за Ремзи да дојде во Италија уште во јануари, наместо да се чека летото, кога Ремзи ќе биде слободен фудбалер и Арсенал ќе го пушти бесплатно.
Фото: ЕПА