Top Sport

Рен се откажа од Умтити – Фудбалерот не ги минал медицинските тестови

Кариерата на Самуел Умтити со голема брзина се движи по надолна линија. Пред четири години беше светски првак со Франција, а сега не успеа да ги мине лекарските прегледи во Рен.

Каталонската „ТВ3“, пишува дека клубот од Бретања сакал да го донесе 28-годишникот на позајмица, но се откажале од него „бидејќи неговата физичка кондиција не е најдобра“.

Тоа значи дека Барселона ќе мора да бара нова опција за Умтити, за чии услуги во 206 година на Лион му плати 25 милиони евра.

Две сезони подоцна Барса одби неколку понуди од 50 и 60 милиони евра за Умтити. Во 2018 година беше еден од клучните играчи на Франција во походот на светската титула. По Мундијалот во Русија започнаа неговите проблеми со повредите, поради што не успеа да се наметне во тимот, ниту пак да се врати во формата во која беше пред Мундијалот.

Поранешниот тренер на Умтити, Бруно Џенесио и поранешниот спортски директор на Лион, Флоран Морис, сакаа да ја обноват соработката со дефанзивецот, но очигледно – ништо од тоа. Агонијата продолжува и за него и за Барселона, која напорно се труди да се ослободи од него.

Scroll to Top