Top Sport

Ренато Санчес бил „оштетен“ фудбалер

Поранешниот менаџер на Свонси, Пол Клемент го опиша Ренато Санчес, поранешниот освојувач на наградата „златно дете“ за најдобар млад фудбалер како „оштетен“, и призна дека другите фудбалери барале од него да го тргне од тимот.

Клемент, кој беше отпуштен во декември, вели дека Санчес, кој дојде од Баерн на позајмица, планирал да игра во голем европски клуб и дека кога пристигнал во Велс бил „сенка“ од играчот кој го видовме на Европското првенство во 2016, кога ја освои титулата со Португалија.

„Баерн го поддржуваа Санчес и мислеа дека ќе добие шанса да игра постојан фудбал со тренер кој ќе му даде потребно внимание. На Санчес не му се допаѓаш во Велс, мислеше дека ќе игра во Манчестер јунајтед, Челси или ПСЖ. Кога дојде, тој беше оштетен фудбалер. Тоа беше тажно. Момче кое го има товарот на целиот свет на грбот. На тренинг, кога немаше притисок, тој беше најдобриот, но во мечевите правеше многу грешки“, вели Клемент.

Санчес одигра 15 натпревари за Свонси оваа сезона, а новиот менаџер Карлос Карваљал успеа да ја сврти ситуацијата во клубот и да има три победи во пет меча, вклучувајќи победи над Ливерпул и Арсенал.

Ренато Санчез додаде до лого! (видео)

Scroll to Top