Шкотските шампиони Ренџерс доминираа во дербито со Селтик, триумфирајќи со 4:1 во нивниот последен меѓусебен меч оваа сезона.
Откако Калам Мекгрегор доби втор жолт картон при постигнувањето на првиот гол на Кемар Руф, Ренџерс доминираа со двата гола на Руф, „бомбата“ на Алфредо Моралос и голот на Џермејн Дефоу.
Тимот на Стивен Џерард не успеа да ја освои двојната титула по поразот во Шкотскиот куп, но затоа дуелите со градскиот ривал беа „мелем“ – ова е најголема победа над Селтик во последните 14 години. Исто така, ова е првпат по неверојатни 20 години Селтик да не остварат ниту една победа во дуелите со Ренџерс.