Top Sport

Ренџерс го потврдија доаѓањето на Дефо

Поранешниот англиски репрезентативец, Џермејн Дефо е нов фудбалер на Глазгов Ренџерс откако шкотскиот клуб се договори со Бурнемаут за 18-месечна позајмица.

36-годишниот Дефо, кој дојде во Бурнемаут во 2017 година со слободен трансфер од Сандерленд, треба да остане на „Ајброкс“ до летото 2020 година, иако „црешите“ имаат две опции да го вратат во клубот во јули 2019 или јануари 2020 година.

Тој е третото засилување за тимот чиј менаџер е легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, откако Џордан Џонс и Глен Камара потпишаа договори минатата недела за трансфер во Глазгов во текот на летото.

Дефо може да дебитира во дуелот од Шкотскиот куп против Кауденбит на 18 јануари. Ренџерс се израмнети со поени со лидерот во шкотската лига Селтик и губат само на гол-разлика во обид да ја освојат првата титула по осум години.

Дефо ја почна кариерата во Чарлтон, по што играше за Вест хем, Тотенхем, Портсмут, Торонто и Сандерленд, постигнувајќи над 200 гола во кариерата.

Scroll to Top