Во едно од најголемите фудбалски дербија во светот, Селтик и Ренџерс одиграа нерешено 1:1 во 35. коло од шкотската Премиерлига. Домаќинот со победата во 431. Олд Фирм и математички би ја заверил титулата шампион на Шкотска, но на тоа ќе мора да почека бидејќи на три кола пред крајот на шампионатот има шест бода предност.
Нешто подобрата игра во првото полувреме, Селтик ја круниса со гол во 21. минута кога Жота го доведе својот тим во водство.
Во вториот дел нападна Глазгов Ренџерс и успеа да го израмни резултатот со гол во 67. минута од натпреварот преку Фешна Сакала.
Сакала во финишот на мечот ја погоди стативата, но резултатска промена немаше.
На три кола пред крајот на шампионатот Селтик има шест бода повеќе од Ренџерс.