Њујорк Никс доживеа уште еден пораз на домашен терен. откако во неделата Деневер Нагетс победија во „Медисон Сквер Гарден“, изминатата ноќ истот го направија Минесота Тимбервулфс. Гостите славеа со 140:134, со што му ја уништија најдобрата партија во кариерата на Џулиус Рендл.
Рендл постигна 57 поени за 37 минути за Никс. Од поле шутираше 19/29 (8/14 за три).
Само двајца играчи во историјата на Њујорк постигнале повеќе поени на еден натпрвар, тоа се Кармело Ентони (62) и Бернард Кинг (60).
Сепак, Рендл стана рекордер на франшизата во две категории. Одигра фантастична трета четвртина од натпреварот, во која постигна 26 поени (5/6 тројки, 4/6 двојки, 3/4 од линијата за слободни фрлања).
Ниту еден играч на Никс не постигнал толку поени во една четвртина. Тој е и првиот играч во историјата на франшизата кој постигнал најмалку 55 поени со осум тројки во еден натпревар.
Минесота, која го заврши натпреварот со 58,3 отсто прецизност за три поени и 61,4 отсто од поле, до победата ја предводеа Принс со рекордни во сезоната 35 поени и Мајк Конли со 24 поени и 11 асистенции.
Интересен натпревар со две продолженија одиграа Чикаго и Филаделфија. На крајот гостите од Чикаго победија 109:105. Џоел Ембид мечот го заврши со 37 поени и 17 скока. Кај Чикаго се истакнаа Зек Лавин со 26, Демар Дерозан со 25 и Никола Вучевиќ со 21 поен и 12 скока.