Top Sport

Репрезентациите до 17 и 19 години ги дознаа противниците во квалификациите

Фудбалските репрезентации за играчи до 17 и 19 години ги добија противниците против кои ќе играат во квалификациите за Европското првенство во 2019 година, односно во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Репрезентацијата до 17 години во првата фаза е се натпреварива во Групата 4 заедно со Шпанија, Израел и Фарските острови. Пласман во елитните квалификации ќе изборат по две селекции од секоја група и четири најдобри третопласирани репрезентации.

Домаќините на групите ќе бидат дополнително одредени.

Репрезентацијата до 19 години, која во текот на денот ќе ги добие противниците за настап во елитните квалификации за пласман на Европското првенство во 2018 година, во првата рунда од квалификацискиот циклус за пласман на континеталното првенство кое ќе се одржи во 2020 година за противници ги доби Хрватска, Чешка и Луксембург.

Најдобрите две репрезентации ќе изборат пласман во елитната рунда квалификации.

Scroll to Top