Top Sport

Репрезентацијата слета во Малага, продолжува кон Гибралтар

Топспорт во Малага,
Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија од Бугарија пристигна во шпанскиот град Малага, откако ја минаа аеродромската контрола тие со автобус ќе продолжија кон Гибралтар.

На аеродромот во Малага, на националниот тим му се приклучи и Валон Етеми кој играше бараж за влез во турската елита со Истанбулспор.

Благоја Милевски, првиот тренинг пред натпреварот со Гибралтар ќе го одржи утре од 18 часот.

Македонија, во недела од 18 часот, ќе гостува во Гибралтар, во рамките на второто коло, во Групата 4, во Лигата на нации. Во вториот меч од групата Бугарија ќе ја пречека Грузија.

Scroll to Top