Top Sport

Репрезентативец на Алжир загина во сообраќајна несреќа

Билел Бенхамуда, 24-годишниот фудбалер УСМ Алжир, загина во сообраќајна несреќа, објавија локалните медиуми.

Бенхамуда вчера, ден пред смртта, беше најдобар играч на алжирската репрезентација на натпреварот против ДР Конго, на кој репрезентацијата ја претставуваа играчи од домашното првенство.

Алжир победи со 3-0, а Бенхамуда постигна гол и забележа една асистенција во првите 13 минути од натпреварот.

Scroll to Top