Top Sport

Репрезентативецот Јован Манев ги посети поранешните соиграчи од Брегалница

Македонскиот репрезентативец Јован Манев, сега член на турскиот суперлигаш Адана Демирспор, не го заборава својот клуб.

Двата дена слободни од активностите во Адана, Манев ги искористи за одмор дома, и сега посета на својот поранешен клуб Брегалница каде ја доби најголемата своја фудбалска афирмација. Своето едноставно не се заборава…

Манев денеска ги посети поранешните соиграчи од Брегалница, следејќи го и тренингот на тимот на Градскиот стадион во Штип. Се разбира, и посакувајќи успех на утрешниот натпревар од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига против Шкупи во Чаир.

Scroll to Top