Репрезентативецот на Македнија, Никола Серафимов (22), има нов клуб. По една сезона тој реши да го напушти ЗТЕ, но ќе остане во Унгарија. Во новата сезона ќе го носи дресот на МОЛ Фехервар.
Новиот тим на Серафимов минатата сезона ја заврши на четвртата позиција во Унгарија, со што избори пласман во Лигата на конференции.
Серафимов во кариерата настапувал во Вардар, Брегалница, Академија Пандев, Јихлава и ЗТЕ.