Top Sport

Респект за легендата! Цел „Ванда метрополитано“ му аплаудираше на Фалкао

Илјадниците навивачи на Атлетико Мадрид му оддадоа почит на легендарниот поранешен фудбалер на клубот Радамел Фалкао со овации при неговото влегување во игра на мечот со Рајо Валјекано.

Колумбискиот ветеран постигна 70 гола во 91 меч за „колчонерос“ во две сезони во шпанската престолнина, и доби само аплаузи кога го замени Санти Комесана на 15 минути пред крајот на мечот, кој Атлетико го доби со 2:0.

Scroll to Top