Најдобриот стрелец во Серија А, Матео Ретеги и официјално е нов фудбалер на Ал Кадисија, потврди клубот од Саудиска Арабија.
Аталанта ќе заработи 65.000.000 евра од трансферот, додека Арапите ќе го покријат и фондот за солидарност на ФИФА, кој се исплаќа на поранешните клубови на играчите со дополнителни 3.250.000 евра.
Со овој трансфер Аталанта го сруши клупскиот и италијанскиот рекорд. Тој стана и најскапиот Италијанец во историјата, соборувајќи го рекордот на Сандро Тонали, кој го напушти Милан и се пресели во Њукасл за 59 милиони евра.
Ретеги беше цел на бројни европски клубови, но ниту еден од нив не можеше да и парира на понудата од Саудиска Арабија.
Аргентинецот со италијански пасош пристигна во Аталанта пред една година од Џенова за 21.000.000 евра.
26-годишниот напаѓач потпиша четиригодишен договор според кој ќе заработува 19.000.000 евра по сезона, седум пати повеќе од платата што ја имаше во Аталанта.
Фото/ Ал Кадисија