Top Sport

Ретклиф подготвува чистка во управата на Манчестер јунајтед

Доаѓањето на Сер Џим Ретклиф во Манчестер јунајтед може да предизвика одредени промени во раководната структура.

Како што пренесуваат островските медиуми, се очекува неговото доаѓање и купувањето на 25 отсто од акциите на клубот да бидат официјализирани веќе во понеделник.

Не само што се очекува да го преземе управувањето со фудбалскиот сектор на клубот, туку ќе инвестира и дополнителни 280 милиони евра за подобрување на инфраструктурата.

Доаѓањето на сопственикот на „Инеос“ секако ќе предизвика одредени промени.

Се верува дека Ретклиф сака пред се да го подобри фудбалскиот сектор и особено скаутинг службата, поради што тројца директори би можеле да останат без работа.

Главниот извршен директор Ричард Арнолд, директорот за фудбал Џон Муртог и директорот за фудбалски операции Дејвид Харисон.

Клубот имаше многу неуспеси на трансфер пазарот во последните години, а целта на Ретклиф ќе биде да ја стабилизира ситуацијата на тој фронт.

Се верува дека тој нема да го замени менаџерот Ерик тен Хаг и покрај тоа што тимот од почетокот на сезоната веќе забележа девет порази на 17 натпревари во сите натпреварувања.

Scroll to Top