Шпанскиот шампион Реал Мадрид, претпладнево, го промовираше дресот со кој ќе тргне во одбрана на титулата во новата сезона.
„Адидас“ се решија за ретро варијанта, новиот дрес, фонтот на буквите и бројките неодоливо потсетуваат на оние од сезоната 2001/02.
Заедно со актуелните играчи на клубот, Карим Бензема и Давид Алаба, новиот дрес го презентираа и клупските легенди Раул, Икер Касиљас и Роберто Карлос.