Жозе Мурињо и Златан Ибрахимовиќ се несомнено два посебни лика во светот на фудбалот, а видеото од случката од 2009 година покажува дека португалскиот тренер, сепак, излегол како победник во нивната пресметка на волјата.
Мурињо му беше тренер на Ибра во Интер во 2009 година, и на мечот со Сиена, еден ден пред да ја освојат титулата од Серија А, шведскиот напаѓач во текот на целиот меч бараше да биде заменет, но „Специјалниот“ одби да го направи тоа.
Прво Луис Фиго и Марио Балотели заминаа на клупата за Давиде Сантон и Манчини, а Златан постојано гледаше кон Мурињо, а потоа дури и постигна гол. Наместо да го награди, Мурињо реши да го смени голманот Жулио Цезар со Паоло Орландони. Мурињо, сепак, беше победник – таа сезона Ибрахимовиќ ја освои „златната копачка“ со еден гол предност.
Мурињо во 2014 година го објасни инцидентот.
„Тој беше лут и нервозен и врескаше: ‘Сега сме шампиони, помогнав, зошто не ми помогнеш? Сакам да излезам’. Се преправав дека не го разбирам: ‘Што? Што? Сакаш вода?’ и му фрлив шише. Неколку минути подоцна постигна прекрасен гол“, објасни Мурињо.
Двајцата повторно работеа заедно седум години подоцна во Манчестер јунајтед и Мурињо признава дека 39-годишниот ветеран му е „слаба точка“.
„Фудбалер кој ми дал толку како Ибра, секогаш ќе биде во моето срце. Секогаш се радувам да го гледам, освен кога игра против мене“, додава Мурињо.
Inter Vs. Siena (17/05/2009): Zlatan didn’t work his socks off that game and asked José to sub him off because of ‘tiredness’.
Mourinho’s response?: pic.twitter.com/dctZ9Gc8KB
— Sir Jose (@MourinhoTheGOAT) November 17, 2020