Top Sport

Резил на Манчестер јунајтед во западен Лондон

Кошмарот на Манчестер Јунајтед продолжи и на дуелот со Брентфорд. „Црвените ѓаволи“ по првото полувреме, на гостувањето во западен Лондон имаат негатива од четири гола.

Избраниците на Ерик тен Хаг не знаат што ги снајде, а само чудо може да ги спаси од нов пораз, по воведниот против Брајтон (1:2).

Како ќе се одвива првото полувреме покажа 10.минута, кога Дасилва шутираше, а топката на му мина низ рацете на Де Хеа и заврши во мрежата.

Во 18. минута шпанскиот голман непотребно му ја додаде топката на Ериксен, кој беше во својот шеснаесетник со играчот на грб. Го загуби дуелот, а Јенсен набрзо ја удвои предноста на домашните.

Очајниот половина час на Јунајтед го „запечати“ Бен Ми во 30. минута, кога погоди по корнер.

Четвртиот гол Брентфорд го постигна во 35. минута, кога Мбеумо погоди по контранапад.

Scroll to Top