Младиот фудбалер на Рома, Ченгиз Ундер, се посрамоти синоќа на натпреварот против Реал Мадрид.
На истекот на првото полувреме, напаѓачот на Рома, не успеа да реализира „мртва шанса“. Неговиот соиграч, претходно му ја одзеде топката на Дани Карвахал и му овозможи лесна завршница, но Ундер од два-три метри го утна целиот гол.
Рома за ова беше казнета веќе на стартот од второто полувреме, кога Бејл ја искористи грешката на Фацио и погоди за 0:1.