Англискиот великан Манчестер јунајтед со 269 милиони евра ја предводи листата на заработувачка од спонзорските договори на годишно ниво. Клубот од „Олд Трафорд“, има дури 68 комерцијални договори.
Зад Манчестер јунајтед е Барселона со годишен приход од 261 милиони евра. Тимовите од „Олд Трафорд“ и „Камп Ноу“ се единствените кои од спонзорските договори годишно заработуваат преку 200 милиони евра.
Според анализата на компанијата „ЦСМ Спорт и Ентертејмент“, зад Јунајтед и Барса следуваат Баерн Минхен, Реал Мадрид и четири англиски клуба. Челси, Манчестер сити, Арсенал и Ливерпул. Во Топ 10 уште се и ПСЖ, односно Јувентус.
Анализата ги споредува и националните првенства и тука убедливо води Премиер лигата. Клубовите што се натпреваруваат во Премиер лигата од спонзорите инкасираат 1,2 милијарди евра.
Далеку зад Премиер лигата се Бундес лигата (734,7 милиони евра) , шпанската Примера (678,5 милиони) и Серија А (439,3 милиони).