Top Sport

Резултатите од истрагата за наводната афера ќе бидат објават во декември

Резултатите од истрагата околу можните малверзации воочи натпреварот помеѓу ПСЖ и Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите ќе бидат познати во декември, објави „Паризјен“.

Француските медиуми, пренесоа дека обвинителството спроведува истрага поради сомнежите дека неименуван функционер на Црвена ѕвезда, сакал да уплати сула од пет милиони евра на пораз на тимот со пет гола разлика.

УЕФА нема да брза со истрагата иако прашањето е чувствително.

Ова значи дека Црвена ѕвезда непречено ќе можат да ги одиграат натпреварите во Ц-групата, во Лигата на шампионите.

Наводната афера ја објави „Лекип“, а двата тима демантираа дека постоел обид да се намести натпреварот.

За да ја докажат невиноста во целиот случај, од Црвена ѕвезда го тужеа „Лекип“ и ја ангажираа најпознатата адвокатска канцеларија во Франција „Дипон-Морети и Ве“.

Тужба против „Лекип“ најави и ПСЖ.

Scroll to Top