Top Sport

„Кукавицо, без 100 милиони долари нема да добиеш реванш“

Менаџерот кој се грижи за кариерата на Хабиб Нурмагомедов, Али Абделазиз, не штедел навредливи зборови кон Конор Мекгрегор. Ирецот, вечера на „Инстаграм“ се обидел да се оправда за поразот во меѓусебната борба, напишал дека пресудил еден потег и дека победата на противникот била заслужена.

Мекгрегор му го предаде мечот на Нурмагомедов, а во својата објава на „Инстрагам“, напишал дека посакува реванш, а доколку не го добие ќе се бори против тој што е прв на листата.

Менаџерот Абделазиз повторил дека реванш нема да има. Токму тој доби најмногу навреди од Мекгрегор деновите пред мечот. Ирецот го нарече „терорист“ и дека учествувал во нападите во САД на 11.септември 2001 година.

Тој рекол дека доколку сака реванш, Мекгрегор ќе мора да обезбеди 100 милиони долери.

„Ова е одговор до таа кукавици и бедниот тим. Тие сега бараат секакви оправдувања. Бог, во срцето на Хабиб даде милост. Бог реши да му покаже на светот дека ‘вреќа за тепање’. И она воопшто не беше давење туку беше ‘neck crank“, рекол Абделазиз и дополнил.

„Ако не можеш да обезбедиш 100 милиони долари можеш да се бориш против некој друг, бидејќи твојот задник нема да добие можност за реванш. Отвори продавница за алкохол и продавај го. Само треба да ја затнеш муцката и да се изгубиш“, порачал менаџерот на шампионот Хабиб Нумагомедов.

Scroll to Top