Top Sport

Рибери: Благословен сум што доаѓам во клуб како Фиорентина

Франк Рибери преку социјалните мрежи прати порака по неговиот трансфер во Фиорентина, велејќи дека се чувствува „благословен“ што потпишува за „голем клуб од голем град“.

Францускиот ветеран помина 12 години во Баерн Минхен, пред во јуни да му истече договорот и сега има нов двегодишен договор со тимот кој од неодамна е во рацете на американскиот бизнисмен со италијанско потекло, Роко Комисо, кој има големи планови со Виола.

„Здраво Фиорентина. Ова е ново поглавје за мене и за моето семејство. Благословен сум и среќен што потпишувам договор за голем клуб од голем град. Ја чекам иднината со моите нови соиграчи и со фантастичните фанови тука“, напиша Рибери.

Рибери ќе го носи дресот број 7 на „Артемио Франки“.

Scroll to Top