Top Sport

„Јапонскиот Меси“ ќе оди на позајмица, станува соиграч на Трајковски

Тинејџерската сензација на Реал Мадрид, Такефуса Кубо ќе замине во Мајорка како позајмен фудбалер, каде што ќе биде соиграч со македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

18-годишниот Кубо, кој беше најавуван како „јапонскиот Меси“, ја избрал Мајорка пред Реал Валјадолид пред крајот на преодниот рок, јавуваат шпанските медиуми.  Реал веруваат дека Кубо е подготвен за фудбал во Ла лига и затоа не го праќаат во својот јуниорски тим Кастилја, а неодамна Зинедин Зидан изјави дека се работи за „играч за иднината“ и побара трпение.

„Има многу млади фудбалери кои беа со нас од младата школа. Кубо дојде неодамна и тој е фудбалер за иднината, но ќе мораме да видиме што е најдобро за него“, изјави Зидан.

Кубо помина четири години во славната академија на Барселона, „Ла масија“, пред да дојде во Реал за 2 милиони евра ова лето.

Scroll to Top