Top Sport

Рибери го раскинува договорот со Салернитана и заминува во пензија?

Поранешниот француски репрезентативец, Франк Рибери е блиску до раскин на договорот со италијанскиот прволигаш Салернитана и размислува за повлекување од спортот, тврди порталот „Гол“.

Ексфудбалерот на Баерн Минхен дојде во Салернитана како слободен играч во изненадувачки трансфер откако си замина од Фиорентина минатото лето и 38-годишниот ветеран одигра 12 меча, но не помогна тие да се помрднат од последното место на табелата. Салернитана веќе бара замена за него, и се верува дека тоа ќе биде поранешното крило на Рома и Фенербахче, Диего Пероти.

Рибери ја почна кариерата во Булоњ во 2000, пред да игра за Але, Брест, Мец, Галатасарај и Олимпик Марсеј во следните пет години. Во 2007 година тој направи трансфер во Баерн Минхен, клуб со кој освои 9 титули од Бундеслигата и една од Лигата на шампионите. Тој си замина од Баерн со 124 гола и 182 асистенции во 425 настапи во 2019 година, по што потпиша двегодишен договор со Фиорентина.

Scroll to Top