Ѕвездата на Баерн Минхен, Франк Рибери беше исмејуван на социјалните мрежи откако при средбата со американскиот рапер Tekashi 6ix9ine носеше тренерки на „Гучи“ вредни 3.000 евра со „криминален“ дизајн.
35-годишниот ветеран на Баерн, заедно со својата 13-годишна ќерка Хизија се сретна со американскиот рапер со вистинско име Даниел Ернандез, кој на Инстаграм напиша: „Сретнав некој кој е полуд од мене“.