Франк Рибери, паузата во Бундес лигата ја искористи за да го посети Дубаи, каде што не ја попушти можноста да ужива во храната што ја приготвува познатиот готвач од Турција, Слат Беа, чие вистинско име е Нусрет Гокче.
Асот на Баерн Минхен, решил да го проба специјалитетот на готвачот за кој издвоил 1.200 евра.
Рибери јадел бифтек похуван во 24-каратно злато. Французинот бил задоволен од она што го видел и задоволно ги триел рацете кога го добил својот оброк.
„Нема подобар начин да се почне новата година со малку сол и во друштво на мојот брат од Турција“, напишал на „Инстраграм“.
Цената за Рибери не претставува никаков проблем, бидејќи во Баерн тој неделно заработува 160.000 евра.