Top Sport

Рибери: Јас и Робен бевме подобри од Кристијано и Меси

Во сабота од 16:15 часот Барселона и Реал ќе играат Ел Класико, а легендарниот Французин Франк Рибери за француските медиуми изјави која ќе предизвика многу коментари во јавноста.

Рибери мисли дека тој и Робен биле подобри Кристијано Роналдо и Лео Меси додека настапуваа за Баерн Минхен.

„Мислам дека јас и Робен во одреден момент бевме подобри од Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Сепак, тие играа на Ел Класико, што им одеше во прилог бидејќи нив публиката повеќе ги гледаше“, изјави Рибери.

Рибери во 2013 година ја освои Лигата на шампионите со Баерн и се што можеше да се освои во Германија. И денес смета дека таа година требало да ја освои Златната топка, но на крајот заврши трет, зад Португалецот и Аргентинецот.

„Се гледав себеси како добитник на Златна топка. Тоа е точно. И денес мислам дека ја заслужив. Сè уште не сум го заборавил тоа. Направив се за да ја добијам. Освоив се што можев да освојам со Баерн. Ништо повеќе не можеше да се направи. Имав многу, многу, многу добра година“, изјави Рибери за „Лекип“.

Scroll to Top