Top Sport

Рибери: Моите лузни ме направија посилен, никогаш на пластична операција

Новиот фудбалер на Фиорентина, Франк Рибери повтори дека никогаш нема да направи пластична операција за лузните на неговото лице, бидејќи тие му го „направиле карактерот“.

Французинот ова лето замина од Баерн Минхен како фудбалер со 25 титули во клупскиот фудбал за нов предизвик во Фиорентина, но тој е навикнат да надминува и поголеми предизвици. Рибери како дете имаше сообраќајна несреќа по кои ги доби лузните на лицето.

„Многу страдав, но никогаш не седев во ќош и плачев. За дете не е лесно да има лузна на лицето, но тие лузни ми го засилија карактерот. Страдаше и моето семејство на кое луѓето секогаш се ѕвереа во моето лице. Каде и да отидов, сите ме гледаа. Не поради фудбалот, туку поради лузните. Но, потоа научив да живеам со тоа и да добивам сила во тие погледи“, вели 36-годишниот ветеран во интервју за „Канал плус“.

Слично како Карлос Тевез, кој исто така има лузна од детството (страдал во пожар), Рибери вели дека пластична операција не е во планот.

„Никогаш нема да одам на козметичка операција за лузните. Тие се дел од мене и луѓето мораат да ме прифатат каков што сум“, додава Рибери.

Scroll to Top