Top Sport

Рибери по 12 години во Баварија заминува од Минхен

Франк Рибери официјално ќе стави крај на својот 12-годишен престој во Баерн Минхен на крајот на сезоната, откако 36-годишниот француски ветеран потврди дека нема да потпише нов договор со клубот.

„Кога дојдов во Баерн тоа беше остварување на мојот сон. Нема да биде лесно да се збогуваме, но никогаш нема да заборавиме што остваривме заедно. Повеќе од 20 титули заедно“, изјави Рибери.

Французинот дојде во Баварија од Марсеј во 2007 година и има 422 настапи за клубот, освојувајќи осум титули од Бундеслигата, кои наскоро можат да станат осум ако Баварците ги добијат последните две кола од шампионатот.

Трофејот би бил совршено збогување за Рибери, но и за уште еден ветеран во клубот, Холанѓанецот Арјен Робен.

„Франк и Арјен се големи фудбалери. Баерн им должи многу и сакаме да им дадеме добро збогување. Тие беа дел од најуспешната деценија на Баерн играјќи фантастичен фудбал“, изјави претседателот на клубот, Карл-Хајнц Румениге.

Scroll to Top