Франк Рибери ја покажа својата мрачна страна, откако со вулгарен речник им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи.
Нервозата кај Рибери ја предизвикале коментарите луѓето што го следат на социјалните мрежи по објавената фотографија како јаде „златен бифтек“ во Дубаи.
Ѕвездата на Баерн во Дубаи го посетил ресторанот на познатиот готвач, Нусре Гокче, чии специјалитет е бифтек похуван во 24-каратна златна прашина. Овој специјалитет чини 1.200 евра.
„За почеток на 2019 година ајде да им обрнеме внимание и на најситните детали. Да почнеме од љубомората, од ‘хејтерите’ и оние што се зачнати бидејќи кондомот имал дупка. Да ви ги е..м вашите мајки, вашите баби и цело семејно стебло. Не ви должам ништо. Успеав благодарение на Бога и на моите блиски кои веруваа во мене. Сите останати, вие сте неважни“, напишал Рибери.
— Franck Ribéry (@FranckRibery) January 5, 2019