Франк Рибери наскоро ќе го официјализира својот трансфер во Фиорентина објавија италијанските медиуми. Францускиот фудбалер летово по 12 години го напушти Баерн Минхен.
Неколку клубови беа заинтересирани за Рибери, а тој самиот пред неколку недели бил во Кувајт на преговори со Ал Насер. Преговорите пропаднале бидејќи челниците на Ал Насер не можеле да му гарантираат финансиска стабилност.
Водечките италијански медиуми пишуваат дека Рибери во Фиорентина се согласил да добива фиксна плата од четири милиони евра. Исто така Фиорентина ќе го плаќа неговиот личен физиотерапевт.
Искусниот фудбалер со екипата од Тоскана ќе потпише две годишен договор.