Top Sport

Рибери во солзи се прости од фановите на Салернитана

Легендарниот француски фудбалер Франк Рибери пред натпреварот меѓу Салернитана и Специја официјално се прости од активното играње фудбал кажувајќи им збогум на фановите на домашниот тим. Тие го скандираа неговото име, а Франк не можеше да си сопре солзите.

Тој иако има договор до крајот на сезоната, поради повреда одлучи порано од предвиденото да ја заврши кариерата.

Во своите блескави мигови, тој беше избран за најдобар фудбалер во Европа и го носеше дресот на Баерн Минхен и на фудбалската репрезентација на Франција.

Scroll to Top