Top Sport

Ричардс: Балотели ми пушташе петарди и ме бркаше околу мојата куќа

Мајка Ричардс откри нова неверојатна приказна за „Супер Марио“ Балотели, велејќи дека италијанскиот напаѓач еднаш го „нападнал“ со петарди во сопствената куќа.

Двојката играше заедно во Манчестер сити од 2010 до 2013 во ерата на Роберто Манчини, освојувајќи ја Премиер лигата во 2012 и ФА купот во 2011, период во кој најголемо внимание предизвика приказната дека Балотели предизвикал пожар во сопствената куќа со петарди, а очигледно тоа не бил единствениот момент на покажување љубов кон пиротехниката.

„Тој ми беше како помлад брат. Сакаше да предизвикува внимание. Доаѓаше во мојата куќа, а сите ја знаат приказната за петардите и пожарот. Но, тој и мене ми пушти петарди и ме бркаше околу куќата. Но, уште го сакам и уште сум во контакт со него“, вели Ричардс.

Ричардс и Балотели имаа еден „неславен“ конфликт на тренинзите за Сити, кога Ричардс го обвини Италијанецот дека не трча доволно. Двајцата мораа да бидат разделувани од тогашниот соиграч Џејмс Милнер.

По настапите за Сити, Ричардс замина во Италија, на позајмица во Фиорентина, каде што имаше шанси да игра со Мохамед Салах, кој беше на позајмица од Челси и вели дека веднаш се забележал талентот.

„На првиот тренинг во Фиорентина помислив: Овој човек ќе стане ѕвезда. Единствено што ме изненади е бројот на голови кои ги ги постигна. Знаев дека е уметник со топката, но не знаев дека е таков стрелец“, вели Ричардс.

Scroll to Top